(ВИДЕО) НОВИ СНИМКИ ОД ДИВЕЕЊЕТО ВО ОХРИД Пиеле, кршеле и се фалеле на социјалните мрежи

Да не зборуваме како снимаа сѐ и уште се фалеа со тоа на мрежите, изјави за весникот студент кој учествувал на „Дифовијадата“.

2,643

Нови снимки од дивеењето на студенти во хотелот „Десарет“ во Охрид се појавија на социјалните мрежи. Хрватскиот портал 24сата објави заматени видеа во кој се гледа како студентите на „Дифовијада“ се журкале во просториите на хотелот, пиејќи алкохол.

„Лустери наместо чаши, фрлање прозорци низ прозорец – сето тоа може да се види на новите снимки“, пишува 24сата.






На собирот на 12-те факултети за физичка култура од регионот имало 1.250 студенти.

– Тоа беше вистинска рушевина. Сите дојдовме да се опуштиме, а некои претераа малку, како што можете да видите. Да не зборуваме како снимаа сѐ и уште се фалеа со тоа на мрежите – изјави за весникот студент кој учествувал на „Дифовијадата“.

Од хотелот „Десарет“кажаа дека се многу изненадени.

– Имаме големи групи студенти кои доаѓаат да се дружат овде. Никогаш до сега немало проблем – изјави претходно хотелскиот менаџер.

Претседателот на Сојузот на студенти на Хрватска за уништениот хотел во Охрид изјавил дека пожарот е предизвикан од инсталациите.

Поврзани содржини