„НЕМОЈ И ВАМ ДА ВИ СЕ СЛУЧИ БЕЛГРАД!“ Родител во Загреб им се заканувал на наставниците, интервенирала полицијата

Веднаш бил извршен претрес во домот на ученикот каде биле пронајдени забранети предмети.

559

Една недела по масакрот во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, родител на еден од учениците во загрепско училиште ѝ се заканил на наставничката дека „Белград ќе се повтори“, по што интервенирала и полицијата. Веднаш бил извршен претрес во домот на ученикот каде биле пронајдени забранети предмети.

– Пред неколку дена имавме инцидент во училиште во Загреб каде родител им се закануваше на наставниците дека „ќе им се случи Белград“ – изјави за РТЛ Жељко Стипиќ од синдикатот „Препород“, додавајќи дека заканата настанала затоа што ученикот добил опомена.






Безбедноста во училиштата сè уште е голем проблем и треба уште многу да се направи на овој план, но проблем е фактот што директорите често одбиваат да зборуваат за тоа, велат од Синдикатот „Препород“.

Инцидентот е пријавен во Министерството за образование.

Министерството за наука и образование доби барање од основното училиште за интервенција во психолошка криза, што беше спроведено. Директорот на основното училиште бил известен за процедурите за заштита на учениците и бил упатен да го пријави вчерашниот настан согласно Протоколот. за справување со насилството меѓу децата и младите“, соопшти министерството.

Поврзани содржини