НАЈБЕЗБЕДНА ДРЖАВА СМЕ НА БАЛКАНОТ Спасовски го честиташе Денот на полицијата

1,912

Припадниците на полицијата се хероите на нашето време, тие секојдневно ги ризикуваат животите за да да ја заштитат заедницата во која живееме, а нашиот свет да го направат подобро место за живеење. Секој ден во секој град низ целата земја ден во секој град низ целата земја илјадници полицициски службеници вршат несебична, благородна работа, надвор од домот и семејство, во непредвидливи услови и често во непредвидливи ситуации, за да ги заштитат граѓаните, за да ја зголемат безбеднсота на државата, во жестока пресметка со криминалот, спречувајќи ги кризите без чекање и двоумење.

Ова го истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во Охрид каде се одржува централната свеченост по повод 7 мај – Денот на македонската полиција.

 






– Имајќи ги предвид глобалните безбедносни предизвици, поимот „наш граѓани’ станува граѓанин на светот, што го покажаа турбуленциите од последните геополитички случувања на светско рамниште на кои ниту едно општество не остана имуно, а граѓаните на сите држави делеа исти грижи и исти заложби, изјави Спасовски. Тргнувајќи од основната премиса на секое демократско општество дека институциите постојат само и единствено во интерес на граѓаните, МВР, воспоставило модерни стандарди кои ќе ја реализираат клучната позиција на полицијата како сервис на граѓаните – рече министертот.

Осврнувајќи се на изминатите шест години откако го предводи МВР, Спасовски потенцираше дека министерството се етаблираше како институција во која работат професионалци кои неуморно ги извршуваат своите обврски, непоколебливо се борат против криминалот и корупцијата, против хибридните закани и тероризмот, се грижат за јавниот ред и мир и за секојдневните потреби на граѓаните, за чија ефикасност покажуваат конкретните резултати во борбата со криминалот.

– Со задоволство можам да констатирам дека минатата година ја завршивме со шест проценти намалување на вкупниот криминалитет, а откривачката функција на кривичните дела од организиран криминал бележи зголемување од 40 проценти. Дури 70 насто е зголемувањето на откриените дела поврзани со криумчарење мигранти, а зголемување за над 30 насто имаме и во спречените обиди за илегално преминување на државната граница. Запленивме над 2,4 тони дрога, како и 20 тони најразлични прекурсори, сузбиени се 15 криминални групи, од кои дури 12 делувале во областа на недозволената трговија со дрога. Спречени се вкупно осум меѓународни транспорти на марихуана, кокаин и хероин. Како резултат на ова, во рок од шест месеци спроведовме две големи уништувања на дрога, со вкупно уништени околу 12 тони различни видови дрога и психотропни супстанци – потенцираше министерот некои од минатогодишните бројки и статистики на ефикасноста на македонската полиција.

Спасовски и за првите четири месеци од оваа година истакна дека вкупниот крминалитет е намален за 12,6 проценти во однос на истиот период лани, а во тек се осум национални и 12 локални оперативни акции од областа на класичниот и сериозниот криминал. Како што рече, во моментот се постапува по 244 криминалистички истражувања.

– Бележиме најдобри резултати во последните 30 години, благодарение на кои Република Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан, во друштво на 36-те најбезбедни земји во светот. Тоа се наши заеднички резултати – потенцираше министерот Спасовски притоа истакнувајќи дека полицијата покажа дека може и мора да остане доследна на задачата за бескомпромисно чување на законот, на редот и мирот и, секако, на безбедноста на сите наши граѓани и целата држава.

Поврзани содржини
na