МАКЕДОНСКИТЕ РАКОМЕТАРКИ ВО ГРУПА СО ШПАНИЈА, ЛИТВАНИЈА И АЗЕРБЕЈЏАН Квалификациите за Европското првенство почнуваат наесен

Домаќини на Европското првенство идната година ќе бидат Швајцарија, Австрија и Унгарија, а пласман на завршниот турнир ќе обезбедат двете најдобро пласирани репрезентации во осумте квалификациски групи, како и четирите најдобро треторангирани селекции.

131

Со жрепка во седиштето на ЕХФ во Цирих попладнево беа одредени квалификациските групи за пласман на Европското првенство во ракомет за жени во 2024 година.

Жрепката одлучи Македонија да биде во групата 5 заедно со Шпанија, Литванија и Азербејџан.






Домаќини на Европското првенство идната година ќе бидат Швајцарија, Австрија и Унгарија, а пласман на завршниот турнир ќе обезбедат двете најдобро пласирани репрезентации во осумте квалификациски групи, како и четирите најдобро треторангирани селекции.

Евроквалификациите стартуваат во октомври оваа есен, а ќе финишираат во април идната година.

Поврзани содржини