САМ, БЕЗ МЕГАН Бакингемската палата потврди дека принцот Хари ќе присуствува на крунисувањето на кралот Чарлс Трети

Принцот Хари ќе присуствува на службата за крунисување на кралот Чарлс Трети во Лондон следниот месец сам, а Меган Маркл ќе остане во Калифорнија со нивните деца Арчи и Лилибет

290

Принцот Хари ќе присуствува на службата за крунисување на кралот Чарлс Трети во Лондон следниот месец сам, а Меган Маркл ќе остане во Калифорнија со нивните деца Арчи и Лилибет, пишува „Дејли мејл“.

Бакингемската палата ја потврди драматичната вест во вчерашното соопштение, велејќи дека „со задоволство потврдуваме“ дека војводата од Сасекс ќе биде во Вестминстерската опатија на 6 мај.






Војвотката ќе остане дома во резиденцијата на парот во Монтесито со едногодишната Лилибет и Арчи, чиј четврти роденден е на истиот ден со настанот.

Хари и Меган ја одложувале својата одлука дали да присуствуваат на церемонијата.

Пријател на семејството Сасекс, Омид Скоби, се огласи на Твитер, коментирајќи дека ова ќе биде „брзо патување за принцот Хари кој оди во Велика Британија само за да присуствува на крунисувањето на неговиот татко“.

Поврзани содржини