ДАЈ ПРИМЕР ЗА „ЗГОЛЕМЕНИОТ“ ГОВОР НА ОМРАЗА НА ТВИТЕР Маск му рече на новинарот на Би-Би-Си дека не знае што зборува
Не можете да дадете ниту еден пример за содржина со омраза, ниту еден твит, му рече Маск на новинарот Џејмс Клејтон.
Познатиот милијардер Илон Маск обвини репортер на Би-Би-Си дека лаже оти на Твитер имало повеќе говор на омраза откако Маск станал газда. Во интервјуто, американскиот новинар Џејмс Клејтон тврдеше дека тој лично видел повеќе „содржини со омраза“, коментирајќи ја констатацијата на репортерот на Би-Би-Си.
Маск тогаш побара од Клејтон да дефинира што мисли под „содржина со омраза“ и да даде барем еден пример на навредлива објава што ја видел.
Клејтон одговори дека ја гледа „содржината со омраза“ како „малку расистичка“ и „малку сексистичка“, но се бореше да даде какви било примери, признавајќи дека всушност не го користел Твитер неколку недели.
– Тогаш, велам, господине, дека не знаете што зборувате. Не можете да дадете ниту еден пример за содржина со омраза, ниту еден твит. А сепак, тврдевте дека содржината со омраза ја има многу. Само што излажавте – одговори Маск.
BBC just got completely stumped by Elon Musk. 🤦🏻♀️
BBC Journalist: There has been a rise in hateful content on Twitter.
Musk: Give me an example.
BBC: I can’t.
Musk: You just lied.pic.twitter.com/tkZ8aYLJth
— Anna McGovern (@AnnaMcGovernUK) April 12, 2023
Маск исто така призна би го продал Твитер ако го најде вистинскиот човек бидејќи водењето на компанијата откако ја купил бил прилично болно и како да си на тобоган. Ова славниот милијардер го изјави во интервју за Би-Би-Си.
За своите контроверзни твитови Маск вели:
– Дали сум си пукал во ногата со твитови повеќе пати? Да. Мислам дека не треба да твитам по 3 часот наутро…
Претходно, Твитер го означи Би-Би-Си со етикета „медиум финансиран од владата“, заедно со уште неколку други медиуми. Би-Би-Си реагираше па сега етикетата ќе гласи „јавно финансиран медиум“. Ова Маск го потврди во интервјуто велејќи дека има голема почит кон Би-Би-Си.
Поранешниот извршен директор на Твитер, Брус Дејсли, кој осум години го водеше бизнисот во Европа, Блискиот Исток и Африка, коментираше дека интервјуто „ни даде одреден увид во чудниот живот на овој милијардер“.
– Тој денеска призна дека единствената причина поради која го купил Твитер е затоа што верувал дека судијата ќе го присили да ја заврши трансакцијата – изјави Дејсли.