(ВИДЕО) БУГАРСКИОТ ПРАТЕНИК СЕ КОЛНЕ ВО „КРВ МАКЕДОНСКА“!? Контроверзниот Костадин Костадинов пропеа на македонски и го запали „Тик-ток“

Дали поранешниот пратеник на ВМРО-БНД, а сега на движењето „Преродба“ од најголем националист се „преродил“ во голем Македонец?

2,346

На социјалната мрежа Тик-ток стана вирално видео со бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, на кое тој ја пее познатата македонска песна „Жими најмило“ додека се вози во автомобил.

Костадинов на овие избори настапи и беше избран како кандидат на движењето Преродба, а претходно беше пратеник од партијата ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов. Во македонската јавност тој остана запаметен по своите жестоки националистички говори против Макеоднија и македонскиот јазик во расправата во бугарското Собрание за Францускиот предлог за тргање на бугарското вето кон Македонија. Ќе останат запаметени и неговите провокативни изјави дадени во Скопје на отворањето на бугарскиот Културен центар.






Коментарите под неговото видео се полни со меѓусебни навреди на етничка основа. Тој успеа да ги налути и Бугарите и Македонците подеднакво. Некои прашуваат дали Костадинов, од најголем националист, сега се „преродил“ во голем Македонец, а во некои се оспорува автентичноста на видеото, односно се тврди дека тоа е монтажа.

@dragisabrio #вмро #македонија #ковачевски #заев #софия #апасиев #сдсм ♬ original sound – dragisabrio

Поврзани содржини