ГОРИ БОНГО ПАЗАРОТ ВО ДАКА Не е познато дали има жртви

Бонго Базар е еден од најголемите пазари во Дака каде што по ниски цени се продава облека од западни брендови што е произведена во Бангладеш и не поминала контрола на квалитетот. 

126

Стотици пожарникари се обидуваат да го изгаснат огромниот пожар што избувна утринава на популарен пазар за облека во Дака (Бангладеш).

Нема извештаи за жртви, но сопствениците на продавници и пожарникарите изјавија дека пазарот Бонго Базар и уште 3 помали пазари околу него се речиси целосно уништени од пожарот.






Портпарол на противпожарната бригада соопшти дека во гаснењето на пожарот се ангажирани околу 600 пожарникари. Во операцијата помагаат и единици на армијата и морнарицата на Бангладеш.

Бонго Базар е еден од најголемите пазари во Дака каде што по ниски цени се продава облека од западни брендови што е произведена во Бангладеш и не поминала контрола на квалитетот.

Поврзани содржини