16 ЛИЦА ПРИВЕДЕНИ НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ ВО СКОПЈЕ Се сомничат за производство и трговија со дроги и психотропни супстанции

При претресите пронајдена е поголема сума на пари кои потекнуваат од продажба на дрога, податоци за лица на кои им била продавана дрога… По документирање на случаите лицата ќе бидат предадени на надлежното обвинителство, соопштија од МВР.

193
Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје се приведени 16 лица поради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, а од нив пет лица се приведени во врска и со сознанија за друго кривично дело.





По претходно добиени оперативни сознанија, информираа денеска од МВР, полициски службеници од СВР Скопје и Одделот за криминалистичка полиција во координација со ОЈО Скопје по добиени судски наредби, извршиле претреси на дом и други простории на 19 локации при што се приведени 16 лица.
„При претресите пронајдена е поголема сума на пари кои потекнуваат од продажба на дрога, податоци за лица на кои им била продавана дрога… По документирање на случаите лицата ќе бидат предадени на надлежното обвинителство“, соопштија од МВР.
Поврзани содржини