(ФОТО) ВЕЛАТ ДЕКА ПРИ ДОБРА ПРОШЕТКА СЕ ПРАВАТ НАЈДОБРИТЕ ПЛАНОВИ Ковачевски заедно со Вучиќ и Брнабиќ прошетаа покрај „Белград на вода“

Мојата посета ја започнувам со пријатна заедничка прошетка низ убавото шеталиште покрај Сава во Белград. Споделивме размислувања за цврстото пријателство, соработката, партнeрството меѓу нашите две земји како и визијата за иднината на Западен Балкан, вели Ковачевски.

526

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва на Фејсбук ги објави првите фотографии од неговата посета во Србија.

Тој пристигна во Белград попладнето, а на фотографиите се гледа како со српскиот претседател Вучиќ и со премиерката Брнабиќ се шетаат на кејот на реката Сава.






– Драго ми е што вечерва сум гостин на претседателот на Србија Александар Вучиќ и на премиерката Ана Брнабиќ. Мојата посета ја започнувам со пријатна заедничка прошетка низ убавото шеталиште покрај Сава во Белград. Споделивме размислувања за цврстото пријателство, соработката, партнeрството меѓу нашите две земји како и визијата за иднината на Западен Балкан – вели Ковачевски.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ исто така сподели фотографии од прошетката со премиерот Димитар Ковачевски и претседателката на српската влада Ана Брнабиќ при што напиша дека при добра прошетка се прават најдобри планови и се водат најпријатните разговори.

– Додека со гордост му покажувам на мојот пријател Димитар Ковачевски колку изградил Белград, разменуваме мислења за проширувањето на иницијативата Отворен Балкан, Европската Унија, патот на нашиот регион, позицијата и перспективата на Западен Балкан на геополитичката карта на Европа. и светот, но и за плановите за претстојните состаноци и нови проекти за поврзување – пишува Вучиќ.

 

Поврзани содржини