ЌЕ ГО ИЗДРЖАТ ЛИ АМЕРИКАНСКИТЕ БАНКИ НОВОТО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КАМАТНИТЕ СТАПКИ? Банкарскиот систем е „здрав и отпорен“, тврди ФЕД

Со деветтото зголемување на каматните стапки оваа година, ФЕД ги зголемува трошоците за задолжување во обид да ја забави економијата и да го намали растот на врз цените.

343

Американската централна банка (ФЕД) ги зголеми каматните стапки за 0,25 отсто.

Тоа ги зголеми стравувањата дека таквиот потег може да ја зголеми финансиската нестабилност, по серијата неодамнешни неуспеси на банките.






Банката на федерални резерви вели дека може да се преземат повеќе активности, бидејќи потрошувачките цени продолжуваат да растат, пренесува Би-Би-Си.

ФЕД ги зголемува трошоците за задолжување во обид да ја забави економијата и да го намали растот на врз цените.

Американскиот банкарски систем е „здрав и отпорен“, соопшти ФЕД, но предупреди дека банкарската нестабилност и превирања та може да потраат и да го забават растот на каматните стапки.

Ова е спротивно на сугестиите од ФЕД пред неколку недели, кога се навести дека ќе бидат потребни повисоки каматни стапки во наредните месеци.

Денешното зголемување на каматните стапки од страна на ФЕД е деветто по ред во една година.

Поврзани содржини