ПОДДРШКА ЗА МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ Донација од Видеолотарија за Кошаркарската федерација на Македонија
Претседателот и секретарот на КФСМ, Перо Антиќ и Владимир Георгиевски, изразија благодарност до Видеолотарија за поддршката на активностите кои ги планираат во текот на следниот период.
Под слоганот „Играј со најдобрите“ Видеолотарија Касинос Австрија уште еднаш застана на линија на промовирање и поддршка на спортот.
– Со договор за донација ги поддржуваме следните планирани активности на Кошаркарската федерација на Северна Македонија (КФСМ) – велат од Видеолотарија, додавајќи дека и во иднина ќе останат посветени во заложбите за развој на македонскиот спорт.
Претседателот и секретарот на КФСМ, Перо Антиќ и Владимир Георгиевски, изразија благодарност до Видеолотарија за поддршката на активностите кои ги планираат во текот на следниот период.
– Во текот на летото, ќе учествуваме на четири младински европски првенства. Покрај тоа, ќе бидеме и домаќини на две од првенствата. Во текот на јули на гости во Скопје ќе ни дојдат 15 репрезентации кои се дел од ЕП за кошаркари под 20 години. Летово во нашиот главен град ќе ги пречекаме и селекциите кои се дел на кадетскиот Евробаскет, но и учесниците на еден од најголемите тренерски семинари во коорганизација со ФИБА – рече Владимир Георгиевски, секретар на КФСМ.
– За добри услови и резултати неопходни се финансии. Видеолотарија секогаш е со нас и уште еднаш би сакал да изразам благодарност до нив – рече Перо Антиќ на прес-конференцијата.