Дијалогот на високо ниво помеѓу Косово и Србија што се одржуваше денеска во Охрид со посредство на ЕУ заврши, објави вечерва на Твитер портпаролот за надворешна политика на Европската комисија, Петер Стано.
Тој посочи дека наскоро високиот претставник за надворешна и безбедносна политика и потпретседател на ЕК Жозеп Борел ќе соопшти повеќе информации.
Во меѓувреме, приштинска Коха објави дека во Охрид бил постигнат „некаков договор“, без да прецизира за што станува збор.
Обраќањето на Борел можете да го проследите ТУКА.