ВО ЛАГАДИН ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА СЕ ГРАДИ ХОТЕЛ Поништено е решението за негово стопирање

Второстепената комисија при Министерството за транспорт и врски го поништила решението со кое градоначалникот Пецаков го огласи за ништовно одобрението за градба на хотелот во Лагадин.

1,353

Министерството за транспорт и врски го поништи решението на градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков со кое беше стопирана градба на хотел на брегот на Охридското Езеро во туристичкото место Лагадин – објави порталот Охрид1.

Второстепената комисија при Министерството за транспорт и врски, која одлучува по жалби, во врска со жалбата доставена од инвеститорот на хотелот во Лагадин, одлучила мериторно, односно го поништила решението со кое градоначалникот Пецаков го огласи за ништовно одобрението за градба на хотелот во Лагадин. Тоа значи дека Министерството за транспорт и врски ја тргна единствената пречка за да продолжи изградбата на спорниот хотел во Лагадин.






Најчесто второстепената комисија носи решенија со кои ги враќа одлуките на повторно одлучување кај првостепениот орган, но во случајов не само што такво нешто нема, туку Министерството на 01.03.2023 година го прогласило своето решение за правосилно.

Поврзани содржини