Американскиот актер Том Сајзмор почина синоќа на 61-годишна возраст во болницата во Лос Анџелес, каде што беше сместен откако беше пронајден во несвест во неговиот дом на 18 февруари.
Актерот имаше аневризма на мозокот и беше во кома по мозочниот удар што го доживеа на 18 февруари.
Неговиот агент ја потврди смртта за американските медиуми
„Со голема тага морам да потврдам дека Томас Едвард Сајземор почина мирно во сон во Св.Џозеф Хоспитал Барбанк“, соопшти менаџерот Чарлс Лаго.
Сајзмор оствари стотици улоги, а останува запаметен по филмовите „Родени убијци“, „Жештина“, „Спасување на војникот Рајан“, „Падот на црниот јастреб“, „Перл Харбор“.