СЕ ОДЛОЖИ ПОВТОРНОТО СУДЕЊЕ ЗА „ТАРГЕТ-ТВРДИНА“ Не беше донесен обвинетиот Јакимовски

Судијата Илија Трпков објасни дека Судот испратил покана до Јакимовски дека денеска треба да се појави во Судот, но не испратил наредба до полициската станица за спровод на обвинетиот, кој е во куќен притвор.

450

Почетокот на новиот судски процес за случајот „Таргет-Тврдина“ се одложи бидејќи во судницата не беше присутен обвинетиот Тони Јакимовски. Тој требаше да биде спроведен од Охрид, каде што издржува мерка куќен притвор за случајот „Спец-каса“, но тоа не се случи зашто судот направил пропуст.

Судијата Илија Трпков објасни дека Судот испратил покана до Јакимовски дека денеска треба да се појави во Судот, но не испратил наредба до полициската станица за спровод на обвинетиот. По ова судијата Трпков го презакажа рочиштето за утре, кога треба да сведочат и двајцата „свиркачи“ Ѕвонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски.






Судењето за случајот „Таргет-Тврдина“ се врати од почеток откако на 16 декември лани Апелацискиот суд ја укина првостепената пресуда, со која поранешниот директор на Управата за безбедноста контраразузнавање Сашо Мијалков беше осуден на 12 години затвор.

Апелацискиот суд ги уважи жалбите на седум обвинети во случајот, и оцени дка пресудата е нејасна, неразбирлива и неподобна за понатамошно испитување. Кривичниот суд само ги навел кривичните дела за кои обвинетите се прогласени за виновни, како и казните кои им се изречени, без да се внесе целосен опис на извршените кривични дела како и фактите и околностите што го поткрепуваат обвинението.

Поврзани содржини