ОД ЗЕМЈОТРЕСИТЕ СЕ ЗАГРОЗЕНИ ПОВЕЌЕ ОД 7 МИЛИОНИ ДЕЦА Проценка на УНИЦЕФ

Во Турција, вкупниот број на деца кои живеат во десет провинции погодени од два земјотреси изнесуваше 4,6 милиони. Во Сирија се погодени 2,5 милиони деца.

42

Повеќе од седум милиони деца се загрозени по разорните земјотреси што ги погодија Турција и Сирија на 6 февруари, соопшти Фондот на ОН за деца (УНИЦЕФ), и изрази стравување дека настрадале неколку илјади деца.

– Во Турција, вкупниот број на деца кои живеат во десет провинции погодени од два земјотреси изнесуваше 4,6 милиони. Во Сирија се погодени 2,5 милиони деца“, рече портпарол на УНИЦЕФ на редовната прес-конференција во Женева.






Од серијата земјотреси во Турција и во Сирија загинаа повеќе од 37.000 луѓе.

Поврзани содржини