НА ГРАНИЦА СЕ ПРИВЕДЕНИ 3 БУГАРИ Навредувале и се обиделе да нападнат полицајци (ВИДЕО)

Бугарски портали, објавувајќи и снимка на профил на Фејсбук, известија дека македонските полицајци му се заканувале и го тепале пратеникот на Преродба, Ангел Георгиев. Официјално, ниту од Бугарија не е потврдена оваа верзија од настанот. 

2,130

Околу 12.45 часот на Граничниот премин Деве Баир дошло до нарушување на јавниот ред и мир од бугарските државјани Г.З (35), А.Х(50) и Р.Х(54), информира МВР.

„Тие прво вербално, дрско и недолично со најпогрдни зборови се однесувале, а потоа се  обиделе и физички да ги  нападнат полициски службеници кои преземале службени дејства, при што се приведени и се работи на целосно расчистување на случајот“, се наведува во соопштението.

На граничниот премин Деве баир македонските полицајци го привеле пратеникот на Преродба, Ангел Георгиев, а со него биле и бугарски државјани, откако тој се обидел да ги нападне.

Бугарски портали, објавувајќи и снимка на профил на Фејсбук, известија дека македонските полицајци му се заканувале и го тепале пратеникот.

Официјално, ниту официјално од Бугарија не е потврдена оваа верзија од настанот.

Поврзани содржини