СЕ БАРААТ ЧЛЕНОВИ НА КОМИСИЈАТА Фестивалот „Војдан Чернодрински“ распиша конкурс за избор на драмски текстови

Комисијата за избор , како што информира МТФ „Војдан Чернодрински“, треба да ја сочинуваат пет члена од редот на вработените и/или дипломирани драматурзи, театарски режисери и театролози.

192

Врз основа на Конкурсот за откуп на необјавен и непоставуван македонски драмски текст објавен од Министерството за култура, Македонскиот театарски фестивал (МТФ) „Војдан Чернодрински“ – Прилеп распишува повик за комисија која ќе ги избере текстовите.

Комисијата за избор, како што информира МТФ „Војдан Чернодрински“, треба да ја сочинуваат пет члена од редот на вработените и/или дипломирани драматурзи, театарски режисери и театролози.






Секој што сака да учествува може да испрати своја кратка биографија и список на објавени книги, драмски текстови или поставени театарски претстави на адресата [email protected] до 15 февруари 2023 година.

Поврзани содржини