„ОГНЕНИТЕ“ УТРЕ ВО КОНАКОТ НА АХМЕТИ Ќе си ги одмерат рејтинзите на средба со граѓаните
Од 'групата на Муса' многу се зборува, де ова не го прави Али, де она не го прави...Браќа, не бива политика со двојни аршини, вели Ахмети за проблемите на „огнените“.
„Огнените“ во ДУИ, на чело со Изет Меџити, Муса Џафери и Невзат Бејта утре во Кичево ќе се сретнат со актуелниот партиски лидери Али Ахмети, но и со граѓани за да си ги одмерат „рејтинзите“. Ахмети веќе признат дека постојат недоразбирања во партијата.
„Од ‘групата на Муса’ многу се зборува, де ова не го прави Али, де она не го прави…Браќа, не бива политика со двојни аршини. Јас не сум човек кој едно зборува, а друго работи, зашто тоа претставува лицемерие. Верувам дека моето 40-годишно ангажирање даде доволни докази дека јас директно зборувам и се обраќам – рече Ахмети на прашањето за проблемите од „групата на Муса“.
Инаку, Ахмети на средбата со група бизнисмени од Тетово зборувал и на други теми, при што нагласил дека секогаш се залагал за каузата на Албанците, но и дека отсекогаш ја бранел, како што рече, каузата на Македонците.