ПРЕТЕПАНИОТ ПЕНДИКОВ ИЗЛЕЗЕ ОД ИНТЕНЗИВНА НЕГА Опериран е, но сè уште e во болница

Пендиков е пренесен на Одделот за орална хирургија, објави БТА повикувајќи се на соопштение од Воено-медицинската академија во Софија.

232

Состојбата на претепаниот Бугарин во Охрид се подобрува. Христијан Пендиков е изваден од интензивна нега и пренесен на Одделот за орална хирургија, објави БТА повикувајќи се на соопштение од Воено-медицинската академија (ВМА) во Софија. Пендиков во понеделникот беше опериран на Одделението за орална хирургија.

Секретарот на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ беше претепан во вечерните часови на 19 јануари во Охрид, по што беше примен на лекување во Општата болница во Охрид од каде следниот ден беше испратен во бугарски владин авион на лекување во Софија. 






Во софиската болница него го посетија двајцата министри за надворешни работи Бујар Османи и Николај Милков.


 

Поврзани содржини