ОД 7.500 НА 1.300 ВРАБОТЕНИ!? Маск направи „масакр“ во Твитер

Маск решил да покани 130 експерти од други негови компании, меѓу кои и од Тесла и Спејс-икс за да му помогнат во Твитер.

153

Во компанијата Твитер, откако дојде под контрола на Илон Маск, бројот на вработени е намален за 80 отсто и сега таму работат околу 1.300 луѓе, јавува елевизијата Си-ен-би-си, повикувајќи се на интерни документи. Пред Маск да го преземе Твитер, компанијата имаше 7.500 вработени.

Повеќе од 500 огласувачи престанаа да се рекламираат на Твитер откако Маск ја презеде функцијата.






Намалениот број вработени тешко може да ја одржи работата на социјалната мрежа и да и додаде нови функции, па Маск, според најавата, решил да покани 130 експерти од други негови компании, меѓу кои и од Тесла и Спејс-икс за да му помогнат во Твитер.

Во исто време, Маск најави нова функција на социјалната мрежа – во наредните месеци ќе преведува на англиски и ќе препорача „други земји и култури“ за гледање.

На крајот на октомври минатата година Маск го купи Твитер за 44 милијарди американски долари.

Поврзани содржини