КОМУ МУ ПРЕЧЕЛА ЕДНА ОСАМЕНА СТАРИЦА? Жената од Струмица била убиена со давење или со задушување
Првичните информации од ОЈО Струмица по извршената обдукција покажале дека причина за смртта е надворешна сила, односно таа била задавена или задушена.
Осумдесет и три годишната старица М.Б., која пред три дена беше пронајдена мртва во својот дом на улицата „Димитар Цветинов” била убиена.
Првичните информации од ОЈО Струмица по извршената обдукција покажале дека причина за смртта е надворешна сила, односно таа била задавена или задушена.
Од струмичкото Oбвинителство не соопштуваат повеќе детали во интерес на истрагата. Оттаму додаваат дека интензивно се работи на расчистување на случајот и откривање на сторителот или сторителите на овој грозоморен чин.
Инаку, безживотното тело на старицата, која живеела сама, беше пронајдено во петокот попладне од блиски членови на семејството, кои повикале Итна медицинска помош, а оттаму ја известиле полицијата.