САКАЛ ДА ГО „РЕШИ“ ЗАШТО НЕ ГО ПОЧИТУВАЛ!? Кафанџија го избодел својот син со нож

Синот бил итно пренесен во болница, каде е хоспитализиран со тешки телесни повреди на стомакот, десната подлактица и грбот.

327

Скопјанец на 46 години во својот ресторан на улица „Кирил Пејчиновиќ“ завчера во Скопје му нанел три убодни рани со кујнски нож на својот 20-годишен син по кратка расправија, соопшти Обвинителството.

Синот бил итно пренесен во болница, каде е хоспитализиран со тешки телесни повреди на стомакот, десната подлактица и грбот.






Основното јавно обвинителство Скопје смета дека родителот имал намера да изврши убиство и побара за него притвор.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело, односно дека ќе го доврши обиденото кривично дело.

Имено, тој и во дадениот исказ пред јавниот обвинител признал дека во критичниот момент одлучил ‘да го реши’ оштетениот, односно да го лиши од живот, и дека се надева во иднина оштетениот да разбере дека треба да го почитува својот родител или повторно може да се случи истото” – соопшти ОЈО Скопје.

Поврзани содржини