55-годишната скопјанка А.К. вчера од мобилен телефон се јавила телефонски во Управата за финансиско разузнавање во Скопје и лажно пријавила дека се поставени експлозивни направи во училишта во Скопје.
„Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активност и утврдено е дека пријавата е лажна, а А.К. (лице со здравствени проблеми) е пронајдена и приведена. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, информира МВР.