ПРОТИВ ЖАН МИТРЕВ ПОКРЕНАТО ОБВИНЕНИЕ ЗА ИЗМАМА На постапката се приклучиле 236 граѓани

Митрев имал намера да ги доведе во заблуда, бидејќи е човек кој што има авторитет и со тоа се стекнал со имотно правна корист – велат обвинителите. Се гледаме на суд - одговори во реакција Клиниката Жан Митрев,

1,451

Основното скопско обвинителство поднесе обвинение против д-р Жан Митрев и против истоимената приватна клиника чиј прв човек е обвинетиот, потврдиja на брифинг со новинарите oсновниот јавен обвинител на ОЈО Скопје Гаврил Бубевски и надлежниот јавен обвинител во предметот Искра Хаџи Василева.

Митрев се товари за кривично дело измама за кое е предвидена затворска казна до 10 години.






– Митрев имал намера да ги доведе во заблуда, бидејќи е човек кој што има авторитет и со тоа се стекнал со имотно правна корист. Се јавија 283 луѓе и се приклучија кон постапката. Имаше и голем број на луѓе кои не знаеа дали сакаат да учествуваат во постапката.сигурна сум дека ќе има луѓе кои што се оштетени и ќе се приклучат на постапката – изјави Хаџи Василева.

Осомничениот, во периодот од април 2020 година до 2022 година, со намера за правно лице – приватна здравствена установа да прибави противправна имотна корист, со лажно прикажување факти, ги довел во заблуда пациентите лекувани од ковид 19 со методот на хемофилтрација.

Клиника Жан Митрев: На суд ќе докажеме дека обвинението нема никаква основа

Се гледаме на суд е нашиот одговор на денешната одлука на Основното јавно обвинителство да се гони д-р Жан Митрев за измама“ – се вели во одговорот од Клиниката Жан Митрев, по објавената вест дека е покренато обвинение против Клиниката и против Митрев.

Оваа лакрдија од неосновани напади на суд ќе мора да се докаже, а ќе биде тешко да се докаже бидејќи вистината е дека ниту еден пациент не бил измамен и сите третмани и процеси во болницата биле јавни и транспарентни и во интерес на пациентите. Со тоа на суд ќе падне и самото обвинение на ОЈО.

Повторуваме дека Клиниката и во најтешките периоди работеше според највисоки здравствени стандарди, транспарентно и во согласност со веќе утврдени и дозволени методи на лечење, кај нас и во светот. Со ова ќе ја докажеме вистината и фактичката состојба, за нашата работа дека се што беше направено во Клиниката Жан Митрев, беше направено за пациентите и според дозволени методи и стандарди на лекување.

Ние како клиника, во текот на целиот овој процес целосно соработувавме со институциите и ги отстапивме сите наши материјални и човечки капацитети со цел вистината да излезе во јавност и транспарентно да се докаже дека наша цел и функција отсекогаш била да лечиме и да им дадеме најдобра медицинска нега на пациентите. Така и ќе остане во иднина“ – се вели во реакцијата на Клиниката.

Претходно д-р Митрев во вчерашниот настап на „Топ тема“ на ТВ „Телма“ исто така рече дека не се откажува од докажувањето дека не е виновен.

 

Поврзани содржини