СКОПЈЕ МОЖЕ ДА ДИШЕ Стопирана примената на мерките и препораките за намалување на загадувањето
Согласно податоците од Државниот миниторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух на ден 26.12.2022, среднодневните концентрации на РМ10 суспендираните честички се под дефинираниот праг на алармирање од 150 мg/m3.
Министерството за животна средина ја запре примената на мерките за загадување и во Скопје бидејќи, како што соопшти загадувањето со РМ10 е под прагот за алармирање.
„Согласно податоците од Државниот миниторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух на ден 26.12.2022, среднодневните концентрации на РМ10 суспендираните честички се под дефинираниот праг на алармирање од 150 мg/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Скопје и престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање“, се наведува во соопштението.