НАЈГОЛЕМАТА ИНВЕСТИЦИЈА СЕ ЛУЃЕТО Јубилејни награди од НИКОБ за вработените со 10, 15 и 20 годишен стаж
На патот кон остварувањето на зацртаното за нас нема компромис, изјави сопственикот Кирил Лазаров.
Во две одвоени манифестации одржани месецов, групацијата НИКОБ се заблагодари на најпосветените и најлојалните, оние кои ја градеа компанијата сите овие години и се пример за секој вработен. На манифестациите присуствуваа и колеги од НИКОБ Медикал, НИКОБ Лаб како и од Центарот за кеш услуги.
Награди и признанија беа доделени на вкупно 200 вработени, поделени во три групи – во првата група беа вработените со над 10 години стаж, во втората група беа вработените со над 15 години стаж и третата група беа вработените кои се над 20 години стаж. Дополнително беа доделени соодветни парични награди и плакети и признанија, а вработени кои се повеќе од 20 години добија и пригодни часовници.
Сопственикот Кирил Лазаров се заблагодари и во двете прилики говореше за тоа што денес претставува НИКОБ и колку е значаен ангажманот на сите присутни.
– Зад НИКОБ има многу историја, бројки и статистики. Има многу восхит, и емпатија во тоа што го работиме. НИКОБ е компанија чијшто бренд го создадоа и го почитуваат вработените, како и клиентите. Ние промовираме вредности кои во својот темел имаат го вградено човекот како индивидуа и луѓето во целина како општество. Наш основен темел се ЛУЃЕТО. Ние сме посветени на заедницата во која сите живееме. Денес НИКОБ е целосно посветена на општествена одговорност и инвестираме во вредности, хуманизам, спорт и промовирање на здрава животна средина – – рече Лазаров.
НИКОБ сиве овие години го постигна она што можеби е најтешко денеска да се стекне. Тоа е ДОВЕРБАТА. Довербата на клиентите, компаниите, а и доверба на семејствата и домовите. Најголемата инвестиција на НИКОБ се човечките ресурси, рече Лазаров и нагласи:
– Во оваа пригода сакам да ја потенцирам и да се заблагодарам на сите вработени за довербата изградена кон и од клиентите. Во ова сте вградени сите, од оние кои деноноќно се во објектите, во возилата, патролите, транспортните единици, физичкото обезбедување, вработените во сервис и имплементација па се до секој поединечно во администрацијата. Денес со нас се легендите, ветераните и оние кои растеа заедно со НИКОБ. Оние што го градеа и го градат НИКОБ. Оваа пригода е многу побогата заради вработените, кои се повеќе од 10, 15 години и 20 години со нас во НИКОБ, на кои им возвраќаме со пригодни плакети и признание дека се дел од успехот.
Ќе продолжиме заедно да ја развиваме компанијата. На патот кон остварувањето на зацртаното за нас нема компромис, заклучи Лазаров.