ТРАГЕДИЈА ВО ОХРИД Охриѓанец пронајден мртов во каналот „Студенчишта“
Денеска во 7 часот и 38 минути во СВР Охрид, пријавено е дека во водите на канал „Студенчишта" во Охрид бил пронајден починат Д.Р.(76) од Охрид. Лекар од Итната медицинска помош Охрид констатирал смрт, без видливи траги на насилство, стои во информацијата.
Во водите на каналот „Студенчишта” во Охрид, утрово, било пронајдено починато лице.
СВР Охрид денеска соопшти дека станува збор за Д.Р. (76) од Охрид, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги.
– Денеска во 7 часот и 38 минути во СВР Охрид, пријавено е дека во водите на канал „Студенчишта” во Охрид бил пронајден починат Д.Р.(76) од Охрид. Лекар од Итната медицинска помош Охрид констатирал смрт, без видливи траги на насилство – стои во информацијата.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.