КОЈ МОЖЕ ДА Е БЕЗБЕДЕН СО ВАКВА АГЕНЦИЈА ЗА БЕЗБЕДНОСТ? Пратеникот Пренџов револтиран од ароганцијата на АНБ
Ќе разговараме, ова тука нема да заврши! Седницата не е затворена – рече пратеникот Пренџов, претседател на собраниската Комисија за надзор над работата на АНБ.
Ова е неодговорно однесување и нема тука да заврши – изјави денеска претеседателот на собраниската Комисијата за надзор над работата на АНБ Љупчо Пренџов, откако ниту директорот на таа Агенција Виктор Димовски, ниту друг нејзин претставник не се појави на денешното сослушување во врска со случајот „Онишченко“.
– Ќе разговараме, ова тука нема да заврши! Седницата не е затворена, точката не е заклучена, во следниот краток период повторно ќе свикаме седница со цел мистеријата Онишченко конечно да добие епилог. Наместо Агенцијата повеќе да се грижи за безбедноста на граѓаните имам чувство дека тие со дејствијата прават граѓаните да се чувствуваат небезбедно во своја држава, изјави претседателот на комисијата Пренџов.
Продолжението на седницата беше закажано откако МВР информираше дека пристигнал извештајот за истрагата за протекувањето на информации на Јутуб за рефирањето на Димоски од минатата седница на собраниската комисија, а собранискиот спикер го известил Пренџов дека сега е безбедно да продолжи седницата.
Наместо да понесе одговорност за скандалот, се поизвесно е дека Димовски ги пакува куферите за Париз. Постапката за Димовски да го добие амбасадорското место во Франција била завршена во Владата, а сега на потег е Собранието, информираше денеска премиерот Димитар Ковачевски.
– Што се однесува до Владата, таа постапка е завршена. Ви однос на понатамошниот тек на постапката ќе мора да се обратите до Собранието и до претседателот на државата – изјави Ковачевски.
Претседателот на комисијата Пренџов, рече дека ќе бара одговори и од новоименуваниот директор на АНБ Зарко Милошевски за случајот да добие епилог.
Скандалот со државјанството за контроверзниот украински бизнисмен Олександер Онишченко не е прв случај на незаконско издавање македонски пасоши на сомнителни ликови, некои од нив познати регионални криминалци и нарко босови, барани со меѓународни потерници.