МВР ГИ ПОТВРДИ ДОЈАВИТЕ Евакуирани се неколку училишта во Скопје и едно основно во Куманово

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски ја информира јавноста дека дојави за бомби пристигнале во девет основни и едно средно училиште на територија на Општина Куманово.

83

Дојави за поставени бомби утринава пристигнале до неколку основни училишта во Скопје и Куманово, потврдуваат од МВР.

Како што соопшти МВР, утрово во СВР Скопје и СВР Куманово било пријавено дека на електронските адреси на училишта во Скопје и Куманово е упатена закана за поставена експлозивна направа.






– Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите – информираа од МВР.

Дојави за бомби, како што претходно објавивме има во основните училиште „Александар Македонски”, „Лазо Ангеловски” и „Ѓорѓија Пулевски”, „Димитар Македонски“ и „Браќа Миладиновци“ на територија на Општина Аеродром, како и во ОУ „Киро Глигоров” во Центар.

И од ОУ „Браќа Миладиновци” во Куманово и од Советот на родители, потврдија дека утрово добиле дојава за поставена бомба во училиштето.

– Екипите на СВР Куманово се на терен, учениците и наставниците безбедно се евакуирани – изјави директорката на училиштето Јасмина Спасовска.

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски ја информира јавноста дека дојави за бомби пристигнале во девет основни и едно средно училиште на територија на Општина Куманово. Станува збор за основните општински улилишта „11 Октомври”, „Бајрам Шабани”, „Браќа Миладиновци”, „Крсте Мисирков”, „Браќа Рибар”, „Јероним Дерада”, „Карпош” – Умин Дол, „Кирил и Методиј”, „Кочо Рацин” и средното општинско улилиште „Гоце Делчев”.

ПОВТОРНО ДОЈАВИ ЗА БОМБИ Овој пат мета се неколку основни училишта во Oпштина Аеродром

Поврзани содржини