ЗА ТРИЧКОСКИ 500 НОВИНАРИ ШТО ГЛАСАА НА СОБРАНИЕТО НА ЗНМ СЕ „КУРВИ“ Колумнистот на Фронтлајн жестоко го навреди и реизбраниот Чадиковски

„Младен делува така невино. Дури мислам дека многу мераклии ќе имаат проблеми со ерекцијата при средбата со оваа разоружувачка чистота и благост. Со неговата неповторлива екстравиргиналност. Ладно цедена“, напиша Тричковски за Младен Чадиковски.

3,798

„ЗНМ. Очекував поголема возбуда, но и вака се случи убава претстава во која слатките мали курви ја избраа најслатката меѓу себе. Браво, честитам.

Младен делува така невино. Дури мислам дека многу мераклии ќе имаат проблеми со ерекцијата при средбата со оваа разоружувачка чистота и благост. Со неговата неповторлива екстравиргиналност. Ладно цедена“.






Ова е дел од колумната на порталот Фронтлајн под наслов „Мис на девстеноста во куплерај“, во која авторот Бранко Тричковски со лични навреди и со говор на омраза го коментира реизборот на Младен Чадиковски за претседател на Здружението на новинарите на Македонија.

Близу 500 новинари кои масовно гласаа на изборното собрание на ЗНМ, поранешниот новинар и уредник Тричковски ги нарече „курви“.

„По големата трагедија во која газдите на времето и времето како такво, ги обрежаа слатките мали курви, им ги скинаа клиторисите, ги изџвакаа десетина и повеќе години и им ги исплукаа како апартмани на Керим и Груевски, како хидроцентрали на Жмицко или како Големата охридска гимназија од светите букви на една лигња, курвите вчера гласаа не за Младенчо, туку за тие што прво ги обесчестија, па им ги земаа пасошите и ги пуштија во промет“, пишува колумнистот на Фронтлајн во својата колумна.

Бранко Тричковски беше колумнист на „Слободен печат“. Прво се повлече поради несогласување со уредувачката политика на тогашниот главен уредник Бранко Героски. По промената на кормилото во весникот, Тричковски продолжи да пишува колумни, но откако се огласи со говор на омраза против Евреите, му беше откажана соработката.

Од тогаш до денес, освен на својот профил на Фејсбук, Тричковски објавува колумни и на порталот Фронтлајн.

И уште еден цитат од неговата колумна, како илустрација за тоа што Тричковски мисли и пишува за новинарите:

„Луѓето што тврдат дека се новинари се како ликови симнати од сликите на Пикасо.Чудно составени, искривени створови кои на стварноста гледаат искривено. Реалноста што ја исфрлаат од себе е вештачка, но не помалку реална. Фекална е, затоа што не им излегува од главите туку од аналите…“.

 

 

Мис на девственоста во куплерај

Поврзани содржини