ВАСКО КОВАЧЕВСКИ НАРАЧАЛ ДА МЕ ПРЕТЕПААТ Новинарот Зоран Божиновски поднел кривична против 5 лица за нападот

3,718

Новинарот и сопственик на Буревесник, Зоран Божиновски, преку социјалните мрежи информира дека поднел кривични пријави против петмина учесници во нападот врз него, што се случи ноќта на 25 октомври во Битола.

Божиновски како нарачател го сомничи директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, како посредник го посочи  М.В., а наведува дека извршители се С.Б., Б.П. и А.Ј. од Битола.






„На 25 октомври о. г., околу 20.30 часот бев нападнат и брутално претепан пред станбена зграда на ул. ,,Кочо Рацин,, 42 во Битола од ТРИ, тогаш маскирани лица. Бев тешко телесно повреден, заедно со мој пријател од Битола, од маскираните напаѓачи. Нападнаа двајца, третиот чекаше во возило марка ,,голф,,, сребрена боја.
Маскираните лица тогаш ми беа непознати, а на полицијата од СВР Битола станале познати следните неколку денови. Од мои извори во полиција дознав кои се лицата и сега се демаскирани“, објави Божиновски.

Поврзани содржини