КОМЕСАРУ ПОМОШ, НЕМА ДИЈАЛОГ СО ВЛАСТИТЕ ВО СКОПЈЕ! Македонските Бугари му се обратија на Вархеји, бараат средба
Искрено се надеваме дека дијалогот со вас ќе придонесе за намалување на секојдневниот притисок врз нас – граѓаните на РСМ, кои не се плашат и покрај ризикот од дискриминација и говор на омраза, отворено да го браниме нашето македонско бугарско наследство и идентитет, му пишуваат невладините организации на Бугарите во Македонија на Оливер Вархеји.
Невладините организации на Бугарите во Македонија побарале средба со Оливер Вархеји, комесар за соседски прашања и проширување на ЕУ, поради, како што тие наведуваат, институционалната омраза и систематската дискриминација кон нив, објави БГНЕС.
Во своето писмо тие нагласуваат дека во нивната татковина нема желба за дијалог со нив од страна на локалната и централната власт. Агенцијата БГНЕС го објави целосниот текст од писмото што македонските Бугари му го пратиле на Вархеји:
„Почитуван комесару,
Ве молиме дозволете ни да се претставиме!
Ние сме претставници на невладините организации отворено идентификувани како бугарската заедница во РСМ. Охрабрени од вашата неодамнешна изјава и подготвеност да нè примите, ви пристапуваме со намера и се надеваме дека таквата средба ќе се одржи што е можно поскоро, се разбира, под услов и вие да можете. Секојдневното стигматизирање на нашата бугарска заедница и неможноста да се воспостави дијалог со локалните и националните власти создава предизвици за нашата заедница кои често ги надминуваат нашите индивидуални и колективни можности. Искрено се надеваме дека дијалогот со вас ќе придонесе за намалување на секојдневниот притисок врз нас – граѓаните на РСМ, кои не се плашат и покрај ризикот од дискриминација и говор на омраза, отворено да го браниме нашето македонско бугарско наследство и идентитет.
Почитуван г. Со нетрпение очекуваме да го добиеме вашиот предлог за состанок.
Со почит,
Петар Колев – Друштво за македонско-бугарско пријателство
Љупчо Георгиевски – Центар за култура „Иван Михајлов“ – Битола
Добре Митрев – Македонско-бугарско пријателство – Скопје
Љупчо Куртелов – Балкански хоризонти – Охрид
Владимир Перев – Коридор 8- Скопје
Томе Блажевски – Цар Борис III – Охрид
Јован Николов – Здружение „Дело“ – Скопје
Елизабета Величкова – Трибина – Прилеп
Маринела Петреска – Друштво за македонско-бугарско пријателство – Битола
Владо Треневски – Интеракција – Охрид
Столе Велков Фондација „Единство“ – Кочани.