И ТИЕ САКАЛЕ ДА БИДАТ ХАЈ Глувци се гостеле со марихуана
Досега, наводно, во три случаи во кои исчезнало огромно количество дрога, таа била изедена од стаорци.
Полицијата во Индија обвини стаорци за уништување на речиси 200 килограми запленета марихуана што се чувала во магацините на полициските станици.
– Стаорците се мали животни и не се плашат од полицијата. Тешко е да се заштити дрогата од нив – изјавија од полицијата во индиската држава Утар Прадеш.
Како што пренесува Би-Би-Си, судот побарал од полицијата да ги предаде залихите како доказ во случаите на трговија со дрога, но оттаму било кажано дека стаорците уништиле 195 килограми канабис.
Досега, наводно, во три случаи во кои исчезнало огромно количество дрога, таа била изедена од стаорци.
Полицијата се пожалила дека нема експертиза да се справи со ова прашање бидејќи стаорците биле премали. Единствениот начин да се заштити запленетата стока од бестрашните глувци, според нив, е марихуаната да се продава на аукција на истражувачки лаборатории и медицински фирми, а приходите да одат за владата.
Во 2018 година, 8 аргентински полицајци биле отпуштени откако обвиниле глувци за исчезнувањето на половина тон канабис од полициски магацин. Експертите го оспориле нивното тврдење, велејќи дека е малку веројатно дека животните би ја измешале дрогата со храна и дека ако ја изеле голема група глувци, ќе имало многу трупови во магацинот.