ПО ДАМЕ ГРУЕВ СЕ ВОЗИ НА ЕДНА ЛЕНТА Од Градот не кажуваат до кога
Времениот сообраќаен режим ќе важи до завршување на градежните активности на екипите на ЈП Улици и патишта Скопје, најавија од Градот од каде не прецизираа до кога ќе трае реконструкцијата.
Eкипите на ЈП Улици и патишта Скопје денеска ја започнаа првата фаза од реконструкцијата на коловозот на улицата Даме Груев.
Машински се гребе оштетениот асфалт на потегот од раскрсницата со улицата Македонија до улицата 11 Октомври. Поради градежните активности, десната страна на коловозот е затворена за сообраќај и обележана со соодветна сигнализација.
На левата страна од коловозната површина сообраќајот се одвива во нормален тек. Времениот сообраќаен режим ќе важи до завршување на градежните активности на екипите на ЈП Улици и патишта Скопје, најавија од Градот од каде не прецизираа до кога ќе трае реконструкцијата.