КОВАЧЕВСКИ РЕВОЛТИРАН ОД ОПШТИНИТЕ Субвенционираната струја не се дава за седење во канцеларија и за пиење кафе

На повикот за добивање субвенционирана струја од 471 основно и средно јавно училиште се јавиле само  233. Од  70 јавни водоснабдителни претпријатија се пријавиле само 50, додека пак од очекуваните 1.000 компании за субвенционирана струја се јавиле 233.

420

Владините мерки не се за удопство на државната и на општинска администрација. Мерките не се за за некој да седи по канцеларии, да си вари кафиња и да си чита весници. Овие мерки се за граѓаните.

Ова го рече премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата, на која беа и со министерот Крешник Бектеши и директорот на ЕСМ Васко Ковачевски.






Премиерот побара од општините да го поднесат потребно барање за комуналните претпријатија за снабдување со вода, за основните и за средните училишта, бидејќи најголемиот дел од училиштата и водоснабдителните претпријатија не се пријавиле за субвенционирана струја, но затоа, пак, се пријавиле општини кои барале да добијат субвенционирана струја за општинските згради.

– До вчера и во ЕСМ и кај нас се јавија одредени општини за да ги стават и административните згради под ова мерка односно државата да им ги покрие трошоците преку ЕСМ Продажба. Јас сакам да ги повикам градоначалниците да ги следат сите можности на државата затоа што на крајот на денот тоа значи поголеми цени на нивните услуги од 1 јануари 2023 година –информира министерот за економија Крешник Бектеши.

На повикот за добивање субвенционирана струја од 471 основно и средно јавно училиште се јавиле само  233. Од  70 јавни водоснабидтелни претпријатија се пријавиле само 50, додека пак од очекуваните  1.000 компании за субвенционирана струја се јавиле 233.

Од 1 декември субвенционирана струја ќе добијат само 518 субјекти во трите сектори,  по цена од 80 или 95 евра за мегаватчас.

Бектеши рече дека е нејасно зошто компаниите не поднеле пријави, но рече дека тие од прехранбениот сектор ќе мора од 1 декември да ги намалат цените на производите за најмалку 10 отсто, бидејќи таков е договорот. За компаниите кои нема да ги намалат цените ќе има казни.

-Намалувањето за 10 отсто е реално согласно сите анализи што се направени од Министерството за економија и другите институции. Бидејќи кај поголемиот дел од овие производи се применува мерката за трговска маржа до 10 остсто Државниот пазарен инспекторат ќе врши во континуитет контроли кон трговците на големо и мало за почитување на мерката при утврдување на цените. Дополнителни контроли се очекуваат од 1 декември кога ќе започне да се применува мерката за субвенционирање на електрична енергија за компаниите кои произведуваат основни прехранбени производи – рече Бектеши.

Тој рече и дека до крајот на овој месец се очекува на седница на Влада ќе се донесе Акционен план за дополнителни мерки за поддршка на граѓаните и на малите и микро компании, посебно на тие компании кои вработуваат поголем дел од граѓаните, а тие главно се мали потрошувачи на електрична енергија кои се на регулиран пазар.Овие мерки ќе се финасираат преку инструментите на  ЕУ и затоа веќе се испратени на мислење во Европската комисија.

Директорот на ЕСМ Васко Ковачевски информира дека компаниите кои не поднеле пријава и оние кои немале комплетирани документи ќе можат да се пријават за субвенционирана струја, доколку ги поднесат во текот на наредниот месец. Субвенционирана струја ќе добиваат од 1 јануари.

– Списокоот на 518 субјекти е испратен до електродистрибуција и за нив ќе се обезбеди 100 отсто електрична енергија по цена од 80 и 95 евра, како што е договорено – рече Ковачевски.

Тој информира дека за дел од компаниите кои треба да добијат субвенционирана струја ЕСМ ќе треба да се увезат дополнителни количини струја, која ќе биде платена од владата.

-Досега во ноември се увезени се 82.150 мегаватчасови, за што се потрошени  19, 6 милиони евра. За декември има предвидена набавка на 48.000 мегавати, за што се предвидени 25 милиони евра. Моментално се прават пресметки колкави количини се потребни за компаниите кои ќе користат субвенционирана струја и тогаш ќе знаеме колку ќе треба да увеземе –рече Ковачевски.

Поврзани содржини