15 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА НАСИЛНИКОТ ШТО ЈА ПРЕТЕПА ПАРТНЕРКАТА ДО СМРТ Неготинецот призна вина пред судот
Освен со боксови, ја удидрал по главата и телото со тврди предмети, а потоа ја турнал во туш кабината.
Петнаесет години затвор пресуди судот во Кавадарци за неготинецот што ја претепа својата партнерка, која потоа почина од повредите.
Настанот се случи на 2 август годинава. Сега осудениот неготинец се вратил дома пијан, и по кратка расправија се нафрлил со клоци и тупаници на својата партнерка, со која живеел во вонбрачна заедница повеќе години. Освен со боксови, ја удидрал по главата и телото со тврди предмети, а потоа ја турнал во туш кабината. Од овие повреди жената била лекувана прво во кавадаречката болница a потоа и во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, но на 6 август починала.
До судењето, по предлог на Обвинителството, судот му определи на обвинетиот притвор и задолжително присхијатриско лекување. Анализите покажале присуство на 1,9 промили алкохол во крвта.
Во Основниот суд Кавадарци вчера судењето заврши со осудителна пресуда за обвинетиот П.Н. од Неготино.
„Основен суд Кавадарци известува дека на ден 22.11.2022 година по одржаната главна и усна расправа, обвинетиот П.Н. од Неготино за кривично дело Тешка телесна повреда по чл. 131 ст. 4 вв ст. 2 вв ст. 1 вв чл.12 ст. 2 од КЗ, а по дадено признание за вина, огласен е за виновен за настанот што се случи на 02.08.2022 година во Неготино, кадешто извршил семејно насилство, во кое оштетената Љ.Г. од здобиените тешки телесни повреди, почина на 06.08.2022 година, со тоа што од страна на судечкиот судија му е изречена казна затвор во траење од 15 години, којашто да биде извршена по правосилноста на пресудата“, се вели во известувањето од Основен суд Кавадарци.