БЕНЕФИЦИРАН СТАЖ ЗА НОВИНАРИТЕ ОТИ КРАТОК ИМ БИЛ ЖИВОТНИОТ ВЕК Да удриш новинар во Србија ќе биде исто како да си удрил полицаец
За тоа дека на новинарите треба да им се обезбеди бенефициран стаж би требало да се договорат државните органи, новинарските здруженија и невладиниот сектор.
Српскиот Синдикат на полицијата и полициските старешини достави до премиерката Ана Брнабиќ иницијатива за измена на законот за новинарите да добијат статус на службени лица и бенефициран работен стаж, јави Бета.
„Со донесување законски прописи што ќе ги назначат новинарите како функционери на оваа држава, ќе има правна основа дека нападот врз новинари е напад врз државата, како што е сега случајот, на пример, со полицијата”, се вели во соопштението.
Тие сметаат дека на тој начин драстично ќе се намали таргетирањето на новинарите од страна на насилници, а со тоа ќе се на мали и бројот на напади врз новинари.
За тоа дека на новинарите треба да им се обезбеди бенефициран стаж би требало да се договорат државните органи, новинарските здруженија и невладиниот сектор.
Причината за тој предлог е, како што наведуваат од синдикатот, краткиот животен век на новинарите.