ПОТВРДА ЗА КВАЛИТЕТНИОТ СОЖИВОТ И МУЛТИЕТНИЧКО ОПШТЕСТВО Пендаровски го честита Денот на aлбанската азбука

Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на 22 Ноември – Денот на албанската азбука, упати честитка до припадниците на албанската етничка заедница во Република Северна Македонија.

67

Чествувајќи го овој празник ја потврдуваме посветеноста на Република Северна Македонија кон негувањето на соживотот во македонското мултиетничко и мултијазично општество, се вели меѓудругото во честитката што претседателот Стево Пендаровски ја упати до граѓаните Албанци во Македонија. 

„На овој празник се потсетуваме на еден од најважните моменти од развојот на албанскиот јазик и култура. Свесни дека, според зборовите на Ѓерѓ Фишта, се собрани за да ја изберат азбуката, којашто ќе биде најполезна за образовно и културно издигнување на народот, делегатите на Битолскиот конгрес во 1908 година донеле историски одлуки за унифицирање на албанската азбука. Со тоа, тие го отворија патот за натамошен образовен и културен развој на албанскиот народ и го отклучија творечкиот потенцијал на генерации автори кои ќе создаваат вредни книжевни дела. Чествувајќи го овој празник ја потврдуваме посветеноста на Република Северна Македонија кон негувањето на соживотот во македонското мултиетничко и мултијазично општество. Соживотот е плод на довербата која, пак, фаќа корен тогаш кога луѓето го почитуваат и поддржуваат идентитетот на другиот. Ваквата доверба е неопходна за поуспешно да се справуваме со нашите заеднички предизвици и да градиме праведно општество со еднакви можности за сите македонски граѓани. Нека ни е честит 22 Ноември, Денот на албанската азбука“ – се вели во честитката на Пендаровски. 

Поврзани содржини