МАЛТРЕТИРАЊЕ ДЕЦА, СЕКСУАЛЕН НАПАД, ВОЕНА ШПИОНАЖА Лидер на турска секта осуден на 8.658 години затвор (ВИДЕО)

За време на неговото апсење, Октар им изјави на новинарите дека обвинувањата против него се „лаги“ и „игра на британската длабока држава“, тема за која често зборувал во минатото.

450

Лидерот на турска секта, Аднан Октар во Турција е осуден на неверојатни 8.658 години затвор по низа обвиненија, вклучително и сексуален напад, малтретирање деца и измама.

Аднан Октар (66) лани бил осуден на 1.075 години по повеќе обвиненија од сексуална злоупотреба на малолетници до измама, како и обид за политичка и воена шпионажа.






Таа пресуда на крајот беше укината, но на повторното судење Октар беше осуден на 8.658 години затвор, што е 8 пати повеќе од првичната казна.

На подолги казни беа осудени и 14 негови блиски соработници.

Октар и стотици негови следбеници беа уапсени во 2018 година од неговиот дом под многу обвиненија, вклучително и водење криминална организација, даночни прекршоци, сексуална злоупотреба и закони за борба против тероризмот.

За време на неговото апсење, Октар им изјави на новинарите дека обвинувањата против него се „лаги“ и „игра на британската длабока држава“, тема за која често зборувал во минатото.

Во јануари 2021 година тој беше осуден за 10 одделни обвиненија, вклучително и водење криминална банда, ангажирање во политичка и воена шпионажа, сексуална злоупотреба на малолетници, силување, уцена и предизвикување маки.

Поврзани содржини