ДРЖАВАТА ЌЕ ЈА ПЛАТИ СМЕТКАТА ЗА СТРУЈА НА КЛИНИЧКИ Ковачевски вели дека болницата мора да работи непречено

Премиерот вели дека сите ресорни министри кажале дека е обврска на државата да обезбеди здравствени услуги и во оваа сега енергетска криза исто како и образовни услуги што го правиме и преку нудење на електрична енергија по пониски цени од берзанските преку ЕСМ.

153

Обврска на државата и на Министерството за финансии е да обезбеди средства за непречено функционирање на Клиничкиот центар во Скопје, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски.

-Мора да бидеме свесни дека Министерството за здравство помина низ еден долг процес на борба со корона кризата и тогаш сите граѓани беа згрижени без да има какво било нарушување на процесот на пружање на такви услуги. Сите ресорни министри кажаа дека е обврска на државата да обезбеди здравствени услуги и во оваа сега енергетска криза исто како и образовни услуги што го правиме и преку нудење на електрична енергија по пониски цени од берзанските преку ЕСМ. Исто ќе направиме и со финансиски средства и за фирми како ЕСМ, како и за други витални функции на државата – рече Ковачевски по отворањето на Првиот национален саем за храна и пијалаци во Градскиот парк во Скопје.

Поврзани содржини