НАД 100.000 РУСИ ЗАГИНАЛЕ ИЛИ СЕ ПОВРЕДЕНИ ВО УКРАИНА Американски генерал пресмета и дека има 40.000 цивили загината во војната
Генерал Марк Мили проценува дека украинските вооружени сили веројатно претрпеле загуби на исто ниво во војната што почна на 24 февруари.
Началникот на Здружениот Генераштаб на американската војска, генерал Марк Мили, оцени дека руската војска имала над 100.000 загинати и повредени војници во Украина, додавајќи оти и украинските вооружени сили веројатно претрпеле загуби на исто ниво во војната што почна на 24 февруари.
– Многу човечки маки и страдања – изјави генералот Мили.
Тој додаде дека веројатно околу 40.000 украински цивили настрадале од почетокот на руската инвазија врз Украина.