УШТЕ ГОРАТ ДВА ШУМСКИ ПОЖАРА ВО КИЧЕВСКО И МАКЕДОНСКИ БРОД Едниот се приближува до кичевското село Колари
Според последните информации, вториот пожар се движи по ливади кон хидроцентралите и реката и е во непосредна близина на Бачило.
Два активни пожари има во Кичевско и еден во Македонски Брод, информира Регионалниот центар за управување со кризи Охрид.
Оттаму информираат дека пожарот што избувнал на 30 октомври во близина на Тајмиште во општина Кичево е сè уште активен.
Според последните информации, пожарот се движи во правец на селото Колари, но сè уште е далеку од населеното место.
Сè уште е активен и пожарот над кичевското село Бачишта, кој почна на 30 октомври во кој е зафатена нискостеблеста шума, лисја, папрат и ниска вегетација.Според последните информации, пожарот се движи по ливади кон хидроцентралите и реката и е во непосредна близина на Бачило.
Од ЈП „Национални шуми“ подружница „Лопушник“ известуваат дека пожарот се шири во правец на реката што делумно ќе го спречи гаснењето на пожарот.
И пожарот атарот на село Ореовец, во место викано Присој во Македонски Брод, исто така, сè уште е активен и е префрлен во атарот на селото Русјаци.Со пожарот се зафатени ниска деградирана шума и лисна постела.