УРГЕНТНО ДА СЕ РАСВЕТЛИ ТЕПАЊЕТО НА БОЖИНОВСКИ Осуди од Пендаровски и од Министерство за информатичко општество

315

Претседателот на државата Стево Пендаровски го осуди нападот врз новинарот Зоран Божиновски, повикувајќи на ефикасна истрага за случајот.

Пендаровски на својот профил на Фејсбук напиша дека Република Северна Македонија е правна држава во која мора да се штитат човековите права без разлика на професијата на граѓаните.






Нajостро го осудувам нападот врз новинарот Зоран Божиновски. Република Северна Македонија е правна држава во која се штитат човековите права и слободи, затоа повикувам за ефикасна истрага на овој случај. Неприфатливо е насилничко однесување кон кој било граѓанин во Република Северна Македонија, без разлика на професијата, се наведува во објавата на Пендаровски.

По претепувањето на Божиновски се огласи и Министерство за информатичко општество и администрација.

Ние како одговорни за законите поврзани со медиумите, жестоко реагираме во врска со вчерашниот напад врз новинарот Зоран Божиновски. Како земја која се залага за европски вредности и влез во Европската Унија, мораме да создадеме соодветна клима новинарите да ги извршуваат своите должности и функции без пречки. Ваквите напади врз медиумските работници не придонесуваат за развојот на демократијата и толеранцијата. Бараме ургентно од органите на прогонот и истражителите да го истражат и расветлат случајот до крај. Виновниците да ја добијат заслужената казна и ваквите случаи никогаш повеќе да не се повторат“, се наведува во реакцијата на Министерството.

Поврзани содржини