НЕ ЗНАЕЛЕ ОД ШТО ГО ЛЕКУВААТ НИ ЗОШТО ГО ЛЕКУВААТ!? Адвокатот на одбраната по сведочењето на лекарите на починатиот ракометар Денис Тот
Судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред дискотека во Градскиот парк во Скопје, продолжува на 31 октомври.
Компјутертската томографија морало да ја покаже повредата. Лекарите го лекуваа, но до последен момент не знаеја од што го лекуваат и зошто го лекуваат и која е причината зошто го изгубија тој пациент – изјави адвокатот Еленко Миланов во врска со сведочењето на лекарките од КАРИЛ за починатиот пациент Денис Тот, кој беше примен на клиниката откако беше претепан до смрт пред дискотека во Градскиот парк во Скопје.
По сослушувањето на двете лекарки од КАРИЛ кои изјавија дека не ја утврдиле конкретната причина за смртта и дека до последниот момент немале сознанија за повредата на ‘рбетниот мозок, бранителот на обвинетиот Андреј Костовски изјави дека снимањето морало да ја покаже повредата.
– Од она што го слушнавме, доктор Маја Мојсова остана на тоа дека не видела никакви повреди видливи односно на видлив дел од телото, со оглед да како што наведе, не може да го вртат телото, но повредите се во пределот на главата, оние што ги констатира Судска медицина кои што како такви би морале да бидат видливи и да евентуално во насока на нив се преземат и други дејствија – рече тој.
На новинарско прашање дали и да знаеле за повредата не би можело ништо да се направи и повторно исто би го лекувале, тој одговори дека и докторите од судска медицина, како што рече, „рекоа дека дури и да се знаело за таа повреда, шансите за спас биле многу мали, но, не и дека не можело ништо да се направи”.
Миланов посочи дека одбраната во конкретниот случај единствено оди на преквалификација и на тоа дали има умисла за убиство.
– Доколку нема, а ја нема очигледно, од кој удар и која повреда евентуално настапи смртната последица во оваа трагедија – праша а.атот Миланов тој.
На денешното рочиште лекарката Маја Мојсова Миовска, изјави дека дури и да ја знаеле повредата на ‘рбетниот мозок курсот на лекување ќе остане ист. Според неа причината за смртта генерално е престанок на работа на срце или на дишење.
Судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред дискотека во Градскиот парк во Скопје, продолжува на 31 октомври, откако денеска на предлог на одбраната сведочеа лекари од Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување.
Основното јавно обвинителство Скопје ги гони обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски за кривично дело „убиство”. Обвинетите се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот. По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрво изгубил свест, а следниот ден починал.
Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, а застапник на обвинението е обвинителката Тања Трајчевска.