МТСП ЌЕ ОДРЕДИ МЕДИЈАТОР Доколку ССМ достави барање за медијација во скопски „Водовод”, најави Тренчевска

Министерката посочи дека претходно кога СОНК достави барање до Министерството за труд и социјална политика да одреди медијатори, беше постапено по тоа барање и беше одреден медијатор кој успешно ја спроведе медијацијата и беше потпишана спогодба.

52

По вчерашната најава на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) дека ќе побара од Министерството за труд и социјала лице да се јави во улога на помирувач за да се изнајде решение во ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска истакна дека доколку од ССМ достават барање за медијација, МТСП ќе одреди медијатор кој што ќе се обиде да го реши проблемот преку медијација.

– Доколку ССМ достават барање за медијација, секако дека ќе постапиме согласно Законот и ќе одредиме медијатор, кој што ќе се обиде да го реши проблемот преку медијација за да може штрајкот во ЈП „Водовод и канализација” – Скопје да биде ставен во мирување се додека не се изнајде решение – рече Тренчевска на настанот по повод презентирањето на мерката „Поддршка за креирање на нови работни места преку зелени инвестиции” од Оперативниот план за активни програми и мерки за 2022 година.






Таа посочи дека претходно кога СОНК достави барање до Министерството за труд и социјална политика да одреди медијатори, беше постапено по тоа барање и беше одреден медијатор кој успешно ја спроведе медијацијата и беше потпишана спогодба.

Денеска на полноќ истекува рокот што ССМ и го даде на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска за одржување средба на која би „ги соочиле аргументите” или во спротивно вработените во скопски „Водовод и канализација” ќе стапат во штрајк.

Поврзани содржини