ПЕШАЧКИ МОСТ НА ИДНИНАТА Инженерскиот подвиг во Пехчево кој поврзува улица и булевар
Ова има да биде синоним, симбол, икона на подемот и настанатите промени. После ова времето ќе се мери пред и по мостот, стои во еден од коментарите на Фејсбук.
По барање на граѓаните на Пехчево пред неколку дена Општината, предводена од градоначалникот Александар Китански, беше поставен пешачки мост, а кој беше подложен на шега, како од страна на пехчевци, така и од жителите на другите градови
– Општина Пехчево заврши со поставување на нов пешачки мост кој ги поврзува булеварот “Равен” и улица “Индустриска”. Овој пешачки мост е поставен по барање на граѓаните на Пехчево,кои во изминатиот период истакнаа потреба за ургентна реакција и поврзување на овие два дела во Пехчево и полесно функционирање на жителите – стои во објавата.
„ШеС шајЌи моС у Пехчево за да ги поврзе сите двајца кои го користат (пази ова) БУЛЕВАРОТ!“ – стои во еден од коментарите.
„Им благодариме на нашите претпоставени што ни овозможуваат да живееме во луксуз и со ваква невидена инфраструктура!“ – вели трет.
„Ова има да биде синоним, симбол, икона на подемот и настанатите промени. После ова времето ќе се мери пред и по мостот“ – пишува трет.
„Во ова денешно време да се фалиме и да се сликаме со „вакви проекти“ е смешно. Ама кој знае, може мостот е отпорен на нуклеарно оружје и бомбашки напад за разлика од мостот кој ги поврзува Русија и Крим“, стои во друг коментар.