ЌЕРКА ГО НАПАДНАЛА ТАТКА СИ ВО КОЧАНИ 45-годишна жена уапсена по семејна расправија
Жена од Пехчево го нападнала својот 69-годишен татко во домот на нејзините родители во Кочани, по што интервенирала полицијата.
Полициски службеници од ОВР Кочани вчера попладне ја уапсиле 45-годишната В.Р. од Пехчево, откако претходно во домот на нејзините родители во Кочани физички го нападнала својот 69-годишен татко.
Според информациите од полицијата, инцидентот се случил по кратка расправија, а жената била уапсена во 16:20 часот.
За случајот бил известен јавен обвинител, а од полицијата најавуваат дека по целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.