СЕ ЗАПАЛИЛ КАМИОН НА „КОМУНАЛЕЦ“ Пламенот избил додека возилото се движело

Екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, а повредени лица нема, соопшти полицијата.

141

Камион на скопското јавно претпријатие „Комунална хигиена“ вчера се запалил во движење на булевар во градот, соопшти МВР.

„На 13.10.2022 во 07.54 часот во СВР Скопје било пријавено дека на „бул.8 Септември” настанал пожар во товарно возило во движење „ивеко”, со скопски регистарски ознаки, сопственост на ЈП „Комунална хигиена”, управуван од вработениот А.К. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема“, соопшти полицијата.

Поврзани содржини